Црниот дроб (hepar) е
најголемиот орган во човечкото тело. Неговата тежина е околу 1500 гр. или 2%
од вкупната тежина. Црниот дроб има голема регенеративна моќ. И после некроза во
црниот дроб – како на пример во акутниот хепатитис, лекувањето е завршено и без
последици. Често, регенерацијата не е целосна и некротичното ткиво се заменува
со фиброзно, со знаци на хронична лезија. Во клиничките услови во црниот дроб
може да се наруши крвотокот и снабдување со крвта, да се оштетат хепатоцитите,
Купферовите клетки или билијарните патишта. Црниот дроб е голема жлезда додадена
на органите за варење. Освен што ја создава жолчката неопходна за варење, врши
и разни други метаболички процеси. Покрај тоа, има и одбранбена улога, а во феталниот
период претставува еритропоетичен орган, во кој се формираат црвените крвни
зрнца. Црниот дроб има двоен крвоток. Вена порта носи венска крв од цревата и
слезината, и хепаталната артерија,
одвојувајќи се од целијачното стебло, го снабдува црниот дроб со артериска крв.
Гранките на крвните садови, порталната венула и терминалните хепатални артериоли,
доаѓаат во секој ацинус на црниот дроб, на ниво на порталниот простор.
Црн Дроб (hepar)
МЕСТОПОЛОЖБА И ДИМЕНЗИИ НА ЦРН ДРОБ
Црниот дроб, од почетокот на раното детство па
понатаму завзема речиси цел денсен хипохондриум и епигастриум. Се шири и во лев
хипохондриум, под дијафрагмата што го дели од плеврата, белите дробови,
перикардиумот и срцето. Просечната тежина на хепарот кај возрасен изнесува, на
леш 1 500 g, а кај жив човек содржи и 800-900 ml крв. Должината на хепарот изнесува околу 30 cm, а најголемата ширина 15 cm, а најголемата висина 8 cm.
НАДВОРЕШЕН ИЗГЛЕД
Горната страна на црн дроб (facies diaphragmatica hepatis) е конвексна и налегнува на
дијафрагмата и предниот абдоминален ѕид. Покриена е со перитонеум и прилепена за
дијафрагмата и предниот абдоминален ѕид со српеста конекција (ligamentum
falciforme hepatis).
Долна страна на црн дроб
Граница
помеѓу лобусите на горна страна е означена со lig. falciforme hepatis, а на долна страна
со fisura sagittalis sinistra. На
долна страна на десната сагитална бразда издвоени се непотполно од десниот
лобус два помали, преден – четвртаст (lobus quadratus) и
заден – опашест (lobus caudatus). Црниот доб е обвиткан со
капсула (capsula fibrosa
hepatis),
која во подрачјето на хилусот се нарекува capsula fibroza perivascularis.
No comments:
Post a Comment